Македонската машка шаховска репрезентација (2.514 просечен рејтинг, рангирана 43-та), оствари и четвртата победа, а третаво низа на 43. Шаховска олимпијада (ШО), која се одржува во Батуми, Грузија во конкуренција на 185 селекции. Овојпат жртва на нејзината шаховска сила беше Грција (2.595 проселен рејтинг, рангирна 25-та), која е совладана со 2,5-1,5.

На првата табла Кирил Георгиев лесно го надигра својот противник, откако уште во отворањето освои два пиуна, па реализацијта потоа беше многу поедноставна. На вторта табла Владимир Георгиев ремизираше со повторување на потезите. Вистински трагичар беше Филип Панчевски кој имаше добиена позиција на третата табла и можеше веќе да го реши мечот, но во жесток цајтнот, заедно со својот ривал направија неколку непрецизности, за потоа партијат д заврши без победник. Остана да се доигра уште последната, партија, во која на Трајко Недев му трабаше само половина поен за севкупен триумф на Македонија. Иако беше малку во подредена позиција, неговата ловечка двојка успеа да се спротистави на двата противнички коња и слободните пиуните на А и Ц- линијата, па ремито беше потпишно во 57-от потег, а со тоа и кпитулацијта на Грција..

Женската шаховска репрезентација пак, (2.039 просечен рејтинг, рангирани 58-ма), по трите порази во низа, конечно во 5-то коло со 3-1 ја совладаа објективно послбата репрезентација на Палестина (1.470 просечен рејтинг, рангирана 123-та), во конкуренција на 151 селекција.
Единствено загуби Драгана Николовска на третата табла, додека Бојана Бејатовиќ, Моника Стојковска и Габриела Коскоска забележа сигурни победи на првите три табли.

По 5-то коло (од предвидените 11), мажите со четири победи и еден пораз, сега имаат вкупно осум бода (15,5 поени по табли) и останаа на одличното 20-то место, додека шахистките нпредуваа на табелата и со четири бода (11 поени по табли), сега сена 84-то место.

Утре е единствениот слободен ден на ШО, а во следното 6-то коло (в недела), мажите ќе играат против силната Ерменија (рангирана 8-ма), а дамите против Хондурас (рангиран 93-ти). Кај шахистите водат селекциите на Азербејџан, Чешка, Полска и Украина со максимални 10 бода, а кај шахистките осамен е САД со 10 бода.

МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА 2,5-1,5
ВМ К. Георгиев (2.590) – ВМ Папајоану (2.634) 1-0 (34 потег)
ВМ В. Георгиев (2.471) – ВМ Мастровасилис (2.594) реми (41)
ИМ Панчевски (2.489) – ВМ Николаидис (2.544) реми (46)
ВМ Недев (2.496) – ВМ Павлидис (2.552) реми (65)

ПАЛЕСТИНА – МАКЕДОНИЈА 1-3
ЖКМ Р. Факех (1.400) – Бејатовиќ (2.057) 0-1 (49 потег)
Хеба – ЖФМ Стојковска (2.106) 0-1 (26)
ЖФМ Албзор (1.595) – Николовска (1.856) 1-0 (59)
ЖФМ А. Фајех (1.432) – Петровска (1.966) 0-1 (31)

Г.И.