Изминатиот викенд се одржа вториот „Ноемвриски коњички турнир“ и 6-то коло-финале од Отвореното првенство на Македонија во прескокнување на пречки, кое во организација на ККС Илинден се одржа на терените на Хиподромот во Маџари. При тоа се постигнаа следниве резултати.

Во првиот натпревар, класа Д (висина на пречки од 0,95-1 м., победи Силја Дуковска со грлото „Нур“ од КК Анималс, пред Лиа Каев со грлото „Прециоус“ од КК.Анималс, додека немаше третопласиран натпреварувач. Во класата Ц (висина на пречки од 1 м., со бараж 1,10 м.), триумфираше Љупка Аврамовиќ со грлото „Колпо Гросо“ од КК Бравадос, втора беше Силја Дуковска со грлото „Нур“, а трет Петар Милошевски со грлото „Надја“ од КК Бравадос.

Во класата Б (висина на пречки 1,10 со бараж 1,20 м), славеше Леонида Гроздановска со грлото „Парадизо Силвано“ од КК Анималс, втора беше Меланија Атанасовска со грлото „Калатус“ од КК Процес, а трета заврши Љупка Аврамовиќ со грлото „Колпо Гросо“. Во класата А (висина на пречки 1,20 -1,30 м.), првото место го освои Леонида Гроздановска, додека второ и третопласиран немаше. Во генералниот пласман по 6-то коло, во класата А и Б, прва е Леонида Гроздановска, во класата Ц и Д, Сиља Дуковска.

По 6-то коло во категоријата деца, прва е Силја Дуковска, во категоријата јуниори, Леонида Гроздановска. Во генералниот пласман пак, по четирите кола од Лига-првенството, води Леонида Гроздановска со грлото „Силвано“ (КК Анималс), втора е Силја Дуковска со грлото „Најтингел“ (КК.Анималс), а трета Љупка Аврамовиќ со грлото „Колпо Гросо“ (КК Бравадос). Г.И.