ЧЕТВРТИ ИНТЕРНЕТ-ТУРНИР ВО ЗАБРЗАН ШАХ

Аниш Гири го освои првото место на четвртиот интернет-турнир „Магнус Карлсен 2021“ во забрзан шах (15 минути плус 10 секунди по секој потег), вреден 220.000 евра. Тој во финалето го победи Јан Непомнијашчи во двете дополнителни партии со брзо темпо (двапати по пет минути по играч), откако по двата дена мечеви резултатот беше 2-2. Во полуфиналето Гири двапати го победи Весли Со, со по 2,5-1,5, а Непомнијашчи во тајбрејк го елиминира светскиот првак Магнус Карлсен со 1,5-0,5. Гири на овие турнири ги освои осмото, 11-то и петтото место. Со оваа победа тој обезбеди билет за финалниот турнир во септември. Карлсен, кој беше прв по прелиминарната фаза (16 шахисти), за 3-то место го победи Со, со 3-1 и 2-1, од кого претходно загуби во две финалиња. Карлсен досега двапати беше втор и еднаш петти. Со има две први места, четврто и 10-то место и се пласира на финалниот турнир, како и Тимур Раџабов, кој победи на вториот турнир. Петтиот од серијата 10 вакви турнири, вредна 1,5 милион евра, е од 24 април.