Дејан Георгиевски го победи актуелниот светски шампион Кубанецот Рафаел Алба со 11-8 на поени во првото коло од олимпискиот турнир во таеквондо, за да се пласира во четврт-финалето.

Македонскиот претставник стекна убедлива предност во првите две рунди која успеа да ја задржи за триумф.

Георгиевски од 8.45 часот ќе се бори со Сејду Г’Бане од Брегот на Слоновата Коска.