Претседателот на Боречката федерација на Македонија, Бетим Вренези, е избран за член на Извршниот одбор на Европската боречка федерација. На конгресот, кој се одржа вчера во Дортмунд, Германија, Вренези ја доби довербата на 24 европски федерации и во следните четири години ќе биде член на седумчлениот одбор на највисоката институција на европското борење.

– Веднаш по назначувањето, Вренези истакна дека ова е историски ден за борењето и воопшто за нашиот спорт, оти Македонија во својата историја никогаш немала претставник во ваква значајна институција како што е Европската федерација за борење. Тој, исто така, вети дека ќе продолжи да работи, секогаш обидувајќи се да го унапреди најуспешниот спорт во нашата земја – информираше генералниот секретар на федерацијата, Мустафа Адеми. Г.И.