За да го избегне совпаѓањето со Летните олимписки игри во Токио во 2021 година, Светската атлетска (СА) одлучи Светското првенство (СП), кое требаше да се одржи од 15 до 24 август 2021 година во САД, да се одржи од 15 до 24 јули 2022 година. Новиот термин на СП е поставен во однос и на другите големи атлетски натпреварувања што треба да се одржат во 2022 година, а тоа се Игрите на Комонвелтот, кои се на програмата од 27 јули до 7 август во Бирмингем, и Европското првенство во Минхен, кое треба да се одржи од 11 до 21 август. Светскиот шампионат во атлетика треба да собере околу 1.800 спортисти од повеќе од 200 земји.