Си­те 507 те­ни­се­ри и вра­бо­те­ни на Ав­стра­ли­ја опен што пре­сто­ју­ваа во хо­тел во карантин имаа не­га­ти­вен тест и до­би­ја доз­во­ла да учес­тву­ва­ат на гранс­лем-тур­ни­рот што поч­ну­ва в по­не­дел­ник, пре­не­се „Рој­терс“

Но­вак Ѓо­ко­виќ ќе ја поч­не од­бра­на­та на ти­ту­ла­та на те­ни­ски­от гранс­лем-тур­нир Ав­стра­ли­ја опен против Фран­цу­зи­нот Џе­ре­ми Шар­ди, а акту­ел­на­та шам­пи­он­ка Со­фи­ја Ке­нин се сре­ќа­ва со Ме­ди­сон Инг­лис, спо­ред ждреп­ка­та за пр­ви­от гранс­лем-турнир во го­ди­на­та.

Свет­ски­от ре­кет број еден Ѓо­ко­виќ ми­на­та­та го­ди­на ја освои ос­ма­та ре­корд­на ти­ту­ла во Мел­бурн, сов­ла­ду­вај­ќи го До­ми­ник Тим, кој е тре­ти но­си­тел и кој во пр­во­то ко­ло ќе се со­о­чи со Ка­зах­ста­не­цот Ми­ха­ил Ку­ку­шкин. Ра­фа­ел На­дал ќе се срет­не со Ср­би­нот Ласло Ѓе­ре. На­дал и Ро­же Фе­де­рер, кој не игра го­ди­на­ва во Мел­бурн, по опе­ра­ци­ја­та на ко­ле­но­то, има­ат по 20 гранс­лем-ти­ту­ли. По­бед­ни­кот на фи­на­ле­то на АТП, Да­ни­ил Мед­ве­дев, кој за­гу­би во че­твр­то­то ко­ло во прет­ход­ни­те две го­ди­ни, се сре­ќа­ва со Канаѓа­не­цот Ва­сек Пос­пи­шил, а ме­ѓу се­бе ќе игра­ат мла­ди­те Ја­ник Си­нер и Де­нис Шапова­лов. Пет­ти­от но­си­тел Сте­фа­нос Ци­ци­пас игра со фран­цу­ски­от ве­те­ран Жил Симон…

Нај­ви­со­ко ран­ги­ра­на­та Еш­ли Бар­ти ја про­дол­жу­ва сво­ја­та по­тра­га да ста­не пр­ви­от дома­шен по­бед­ник во сингл на Ав­стра­ли­ја опен од 1978 го­ди­на. Таа во 1. ко­ло игра со Дан­ка Ко­ви­ниќ. Аме­ри­кан­ка­та Се­ре­на Ви­ли­јамс, ко­ја е во тр­ка по ре­корд­ни­от 24. гранслем-тро­феј, ќе се срет­не со Ла­у­ра Зи­ге­мунд во во­вед­на­та рун­да. На­о­ми Оса­ка, шам­пи­он­ка­та во 2019 го­ди­на, во 1. ко­ло игра со по­ра­неш­на­та че­твр­тфи­на­лис­тка Анаста­си­ја Павл­ју­чен­ко­ва. Вто­ра­та но­си­тел­ка Си­мо­на Ха­леп од Ро­ма­ни­ја, фи­на­лис­тка во Мел­бурн пред три го­ди­ни, ќе игра со Ли­зет Ка­бре­ра, а пет­та­та но­си­тел­ка, Укра­ин­ка­та Ели­на Сви­то­ли­на ќе се со­о­чи со Ма­ри Буз­ко­ва. Ига Свјон­тек, ко­ја ми­на­та­та го­ди­на ја освои ти­ту­ла­та на Ро­лан Га­рос, се сре­ќа­ва со Аран­ча Рус од Хо­лан­ди­ја…

Си­те 507 те­ни­се­ри и вра­бо­те­ни на Ав­стра­ли­ја опен што пре­сто­ју­ваа во хо­тел во карантин, ка­де што ра­бот­ник бе­ше по­зи­ти­вен на ко­ро­на­ви­ру­сот, имаа не­га­ти­вен тест и до­би­ја доз­во­ла да учес­тву­ва­ат на гранс­лем-тур­ни­рот што поч­ну­ва в по­не­дел­ник, из­ја­ви во пе­то­кот ди­ре­кто­рот на тур­ни­рот Крег Тај­ли, пре­не­се „Рој­терс“.

Вла­сти­те одо­бри­ја по 30.000 на­ви­ва­чи днев­но на гранс­лем-тур­ни­рот, око­лу 50 от­сто од ка­па­ци­те­тот.