Денеска во Куманово во организација на велосипедската федерација на Македонија и ВК Вело-М – Термалифт од Куманово а во чест на празникот 11-ти Октомри – Денот на востанието на македонскиот народ , се одржа 11-тата по ред традиционлна велосипедска трка “Трофеј 11 октомври” која што патем и се бодуваше за шампионатот на Македонија.

На трката настапија вкупно 65 велосипедисти и велосипедистки од вкупно 12 влосипедски клубови од Македонија и од Република Бугарија кои беа распоредени во седум дисциплини и тоа: Сениори, Жени ,Мастерс, Јуниори, Кадети како и во дисциплините У-15 и У-13.
На крајот по завршувањето на трката победници во своите дисциплини станаа велосипедистите:
1. Сениори-Јордан Андреев, од ВК Цар Симеон – Пловдив
2. Жени-Ивана Тонкова , ВК Драг – Софија
3. Мастерс-Златко Гецоски , ВК Илинден – Скопје
4. Јуниори-Георги Николов, ВК Драг – Софија
5. Кадети-Кристијан максимовски, БК МВК – Велес
6. У – 15-Даниел Тодоров, ВК Драг – Софија и во дисциплината
7. У – 13-Давид Ристовски од ВК МВК – Велес

Т.Д.