Шефовите на Формула 1 го потврдија вклучувањето на Виетнам во календарот за сезоната 2020 година.

Трката во Ханој ќе биде претежно улична, а патеката ќе биде со должина од 5,5 километри.

Виетнам е првиот сигурен нов домаќин во Формула 1 откако управувањето со шампионатот во Ф1 го презедоа новите сопственици „Либерти медија“. Сѐ уште не е сигурно дали Гран При на Виетнам ќе помести друго натпреварување од календарот.

Во следната сезона повторно ќе се возат 21 трка, но има амбиции за зголемување на бројот на трки во следните години.

Во тек се преговори за вклучување на Мајами во календарот на шампионатот.