Аген­ци­ја­та за мла­ди и спорт (АМС) ги об­ја­ви ли­сти­те со клу­бо­ви, фе­де­ра­ции и со индиви­ду­ал­ни спор­ти­сти што до­би­ја т.н. фи­нан­си­ски ва­у­че­ри за акту­ел­на­та спорт­ска сезо­на. Ме­ѓу 665 спорт­ски клу­ба, од ра­ко­мет­ни­те клу­бо­ви Вар­дар до­би 19 ми­ли­о­ни дена­ри, Ме­та­лург и Еу­ро­фарм Пе­ли­стер по 17,5 ми­ли­о­ни де­на­ри итн. Ва­у­че­ри им беа доде­ле­ни на 133 ра­ко­мет­ни клу­ба во ма­шка и во жен­ска кон­ку­рен­ци­ја.

Во ко­шар­ка­та, МЗТ Скоп­је до­би ва­у­чер од 3 ми­ли­о­ни де­на­ри, Ра­бот­нич­ки од 12 ми­ли­о­ни де­на­ри…, а вкуп­но 41 ко­шар­кар­ски клуб до­би­ја фи­нан­си­ски ва­у­чер. Во фуд­ба­лот вауче­ри до­би­ја Шкен­ди­ја (10.800.000 де­на­ри), Шку­пи (10 ми­ли­о­ни де­на­ри) итн., меѓу 167-те фуд­бал­ски клу­ба. Кај од­бој­ка­ри­те беа до­де­ле­ни 20 ва­у­че­ри…

АМС им до­де­ли и 174 ва­у­че­ри на ин­ди­ви­ду­ал­ни спор­ти­сти, а од 58-те ре­ги­стри­ра­ни спорт­ски фе­де­ра­ции, ва­у­чер до­би­ја 46. Ме­ѓу фе­де­ра­ци­и­те, Ра­ко­мет­на­та фе­де­ра­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја до­би ва­у­чер од 16 ми­ли­о­ни де­на­ри, Ма­ке­дон­ска­та ко­шар­кар­ска фе­де­ра­ци­ја 14.000.000 де­на­ри, Од­бој­кар­ска­та фе­де­ра­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја 12 ми­ли­о­ни де­на­ри… Та.Д.