Видеоасистент-судијата (ВАР) ќе се користи во плејоф-натпреварите во март следната година за пласман на Европското првенство (ЕП) 2020. Македонија ќе игра против Косово дома и ако го добие тој меч ќе се сретне со подобриот од дуелот Грузија – Белорусија на гости.

Предвидено е ВАР да се употребува и во квалификациите за СП 2022 година во Катар. ВАР првпат пробно се користеше на Купот на конфедерациите 2017 година, а потоа и на СП 2018 во Русија. Но на квалификациските натпревари на ЕП 2020 на стадионите низ Европа немаше ВАР.