РАКОМЕТ

Плановите за продолжување на сезоната во ракометната Бундес-лига стануваат сѐ поконкретни. Извршниот директор на лигата, Френк Боман, изјави дека лигата мора да продолжи и сезоната да заврши на редовен начин.

– Натпреварувањата би требало да почнат најдоцна на 16 мај, за сезоната да може да заврши на 24 јуни – рече Боман, во интервју за германскиот медиум „Функе“, додавајќи дека во првата недела на мај ќе се состанат челниците на клубовите за донесување конечна одлука зависно од ситуацијата со коронавирусот, кој стави рампа на речиси сите спортски настани во светот.

Бомен рече и дека поради кризата предизвикана од коронавирусот германскиот ракомет, само во првата и во втората лига, претрпел штета од 25 милиони евра.