Главниот град на Унгарија, Будимпешта, ќе биде домаќин на Шаховската олимпијада (ШО) во 2024 година (10-23 септември). Претседателот на Светската шаховска федерација (ФИДЕ), Аркадиј Дворкович, информира дека договорот е веќе потпишан заедно со претседателот на Шаховската федерација на Унгарија, Ласло Сабо, и извршниот директор на Националната агенција за спорт на Унгарија, Атила Михок, со буџет од 16,6 милиони евра.
– Унгарија има неверојатна шаховска традиција со одлични играчи како што се Лајош Портиш, Золтан Рибли, сестрите Полгар и многу други, многу активна шаховска федерација и прекрасен град Будимпешта. Тоа е она што го прави совршено место за одржување на овој најважен шаховски настан – рече Дворкович по потпишувањето на договорот.