Големите снежни врнежи ја откажаа последната женска трка во комбинација во Светскиот куп (СК) во Ле Тиле, по што на Италијанката Федерика Брињоне ѝ припадна малиот „кристален глобус“ како најдобра во комбинација, прв во нејзината кариера. Таа победи на две вакви трки и според прописите го добива трофејот.
Брињоне води и во генералниот пласман во СК со 1.378 поени, 153 повеќе од трикратната шампионка, Американката Микаела Шифрин, која подолго време паузира поради смртта на татко ѝ Џефри.