Миа Блажевска-Еминова денес настапи во квалификациите на 100 метри слободно на  Летните олимписки игри во Токио.

Блажевска-Еминова, настапи во втората квалифиакциска група. Во конкуренција на седум други натпреварувачки таа го освои првото место со резултат 57,19 секунди.

Овој резултат е за шест стотинки послаб од личниот рекорд на македонската репрезентативка.

Иако победи во својата група Блажевска-Еминова не успеа да се пласира во полуфиналето.