Таканаречените „Инспирациски игри“ треба да се одржат на седум стадиони на три континента, со учество на 30 врвни атлетичари во осум дисциплини, меѓу кои и трка на 150 метри

Организаторите на атлетскиот митинг во Цирих ќе организираат иновативни егзибициски собири, т.н. „Инспирациски игри“, наместо финалниот митинг на Дијамантската лига годинава, каде што екипите на САД, Европа и на Остатокот од светот во исто време ќе се натпреваруваат на седум стадиони и на три континенти, во осум дисциплини.

Ова го потврди и Светската атлетика (СА), која на својата интернет-страница објави дека 90-минутен спектакл со најголемите имиња на светската атлетика ќе биде организиран на 9 јули. Вкупно 30 врвни атлетичари во осум дисциплини ќе се натпреваруваат на уште шест стадиони, кои ќе бидат одредени подоцна.

Американката Алисон Феликс, Бахамката Шона Милер-Уибо и Швајцарката Муџинга Камбунди ќе се натпреваруваат на новата делница од 150 метри. Феликс ќе трча во Калифорнија, Милер-Уибо на Флорида и Камбунди во Цирих.

Митингот во Цирих, кој требаше да се одржи од 9 до 11 септември, е одложен поради пандемијата на коронавирусот.