Аргентинскиот тенисер Николас Кикер е суспендиран на шест години и мора да плати казна во висина од 25.000 долари откако беше прогласен за виновен за местење на мечеви, објави Кабинетот за тениски интегритет(ТИУ).

Кикер, кому најдобриот ранкинг во кариерата му беше на 78 место на АТП листата во јуни 2017 година, е прогласен за виновен за местење на два меча на Челинџер турнирите во Италија и Колумбија во 2015 година.

Исто така, тој одби да соработува со ТИУ во истрагата.