СТРЕЛИЧАРСТВО – ЛОИ

Јужнокорејката Ан Сан го урна олимпискиот рекорд во стреличарство стар 25 години. Таа постави нов олимпискиот рекорд уште во квалификациската рунда, во која оствари 680 поени, со кои го подобри досегашното најдобро остварување на Олимписките игри за седум поени.
Лина Херасименко од Украина беше сопственичка на рекордот поставен во 1996 година, со 673 поени. Интересно е тоа што дури четири натпреварувачки имаа подобар резултат од тој рекорд. Јанг Мин оствари 677 поени, Канг Чејанг 675, а Алехандра Валенсија 674 поени.