Настапија вкупно 63 учесници, клупски најуспешен е Алкалоид со пет трофеи (две титули во машка и три во женска конкуренција), пред Гамбит Асеко СЕЕ со четири (три во машка и една во женска конкуренција), а по една титула освоија МШК Центар (момчиња) и Прилеп (девојчиња)

И во услови на пандемија на коронавирусот, но со целосно почитување на протоколите на здравствената комисија, во Охрид успешно се одржаа младинските првенства на Македонија во категориите до 8, 10, 12, 14, 16 и до 18 години, по што се познати новите шампиони на Македонија во машка и во женска конкуренција.
Настапија вкупно 63 учесници, што е за 37 помалку од лани, но со оглед на актуелната ситуација тоа и не треба многу да изненадува. Континуитет на освоени титули како и минатата година забележаа Никола Петровски (категорија до осум години), Андреи Калин (до 12, лани беше во категоријата до 10 години), Антон Златков (до 14 години, лани до 12), Емил Ристески (до 16 години) и Матео Ефтовски (до 18 години). Кај девојчињата титулите ги одбранија Јована Давиткова (категорија до 12 години) и Михаела Зрмановска (до 14 години).

Клупски најуспешен е Алкалоид со пет трофеи (две титули во машка и три во женска конкуренција), пред Гамбит Асеко СЕЕ со четири (три титули во машка и една во женска конкуренција). По една титула освоија МШК Центар (момчиња) и Прилеп (девојчиња).
– Не сакам ни да претпоставам колку млади шахисти ќе го напуштеа шахот ако овие натпревари не се одиграа. Шахистите сакаат да играат и треба да играат на турнири. За жал, годинава се откажани европските и светските првенства, така што новите шампиони ќе останат без едно прекрасно искуство што ги носат овие квалитетни турнири – вели професионалниот шаховски тренер и интернационален мајстор (ИМ) Орце Данчевски. 


МЛАДИНСКИ ПРВАЦИ МОМЧИЊА

КАТЕГОРИЈА                                              ПРВАК (КЛУБ)

до 8 години                                               Никола Петровски (Гамбит Асеко СЕЕ)
до 10 години                                             Андреј Иванов (Алкалоид)
до 12 години                                             Андреи Калин (МШК Центар)
до 14 години                                             Антон Златков (Гамбит Асеко СЕЕ)
до 16 години                                             Емил Ристески (Гамбит асеко СЕЕ)
до 18 години                                             Матео Ефтовски (Алкалоид)

ДЕВОЈЧИЊА

до 8 години                                             Илијана Велева (Прилеп)
до 10 години                                           Ивана Велкоска (Алкалоид)
до 12 години                                           Јована Давиткова (Алкалоид)
до 14 години                                           Михаела Зрмановска (Гамбит Асеко СЕЕ)
до 18 години                                           Јана Анѓелкоска (Алкалоид)