Кам-бек на „ТВИНГОВЦИТЕ“: Сезоната стартува викендов на Хунгароринг ФИА – ЦЕЗ

Твинго куп се враќа по пауза од една година поради пандемијата предизвикана од
Ковид-19 и тоа на повисоко натпреварувачко ниво ФИА-ЦЕЗ. Новата сезона ја стартуваме овој викенд со две трки закажани за сабота во Унгарија на легендарната патека Хунгароринг. Тоа ќе биде меѓународен предизвик за македонските автомобилисти, кои ќе настапат на Твинго Еврокуп 2021.

Нашите натпреварувачи се: Ненад Костовски, Иван Стефановски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Слободан Трајковски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.

На Хунгароринг в сабота „силите ќе се мерат” со останати 19 други натпреварувачи од Словенија, Србија и Унгарија. За време на тренинзите и трката ќе бидат испочитувани сите протоколи за заштита од ковид-19.

Оваа втора сезона покрај две кружни трки во Кичево и две ридско брдски на домашно тло, купот ќе биде дел и од меѓународни натпревари каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на ФИА-ЦЕЗ и тоа во: Серес – Грција (јуни), Гробник – Хрватска (јули), Словакиаринг – Словачка (август), Ред Бул ринг – Австрија (септември) и финална трка за заокружување на сезоната повторно во Серес – Грција (ноември) ЦЕЗ во организација на АКК Рено Спорт Скопје.

Голема благодарност до нашите поддржувачи: Аутомотив Груп, Рено, Триглав Осигурување, Пауер Спорт Систем (Power Sport System – PSS) и Шпаркасе Лизинг кои овозможуваат да трките се организираат на високо ниво како на домашните така и на меѓународните автомобилски стази.