Ат­лет­ска­та фе­де­ра­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја (АФМ), на при­год­на­та све­че­ност во Скоп­је, ги прог­ла­си нај­до­бри­те ат­ле­ти­ча­ри, тре­не­ри и клу­бо­ви за 2018 го­ди­на

Ма­ке­дон­ски­те ат­ле­ти­ча­ри го­ди­на­ва по­ста­ви­ја 11 др­жав­ни ре­кор­ди, осум во се­ни­ор­ска и три во мла­дин­ска кон­ку­рен­ци­ја.

Ме­ѓу ре­кор­де­ри­те, по­чес­но ме­сто има ма­ра­тон­ка­та Адри­ја­на Поп Ар­со­ва од ат­лет­ски­от клу­бот(АК) Дел­та, ко­ја три­па­ти го по­до­бру­ва­ше др­жав­ни­от ре­корд, пр­ва што оваа делни­ца ја истр­ча под три ча­са, а по­ста­ви и но­ви ре­кор­ди на 10.000 ме­три.

Да­рио Ива­нов­ски од АК Ра­бот­нич­ки е дво­ен ре­кор­дер на 3.000 ме­три на отво­ре­но и во са­ла. Во ре­кор­дер­ска­та ли­ста се за­пи­ша и мла­ди­от фр­лач на диск Ѓор­ѓи Илов од АК Ти­квеш од Ка­ва­дар­ци. Ре­кор­дер­ки ста­наа и мла­ди­те ат­ле­ти­чар­ки на АК Ли­ри­ја, А. Хајда­ри, Ази­ри, И. Хај­да­ри и Не­зи­ри, кои го по­до­бри­ја ре­кор­дот во шта­фе­та­та 400, 300, 200 и на 100 ме­три. Спи­со­кот на ре­кор­де­ри­те за­вр­шу­ва со Трај­че Ми­хов од АК Ве­лес, кој за ед­но де­но­но­ќие, за 24 ча­са, пре­тр­ча 230 ки­ло­ме­три!

Кај се­ни­о­ри­те по­че­сти­те им при­пад­наа на ат­ле­ти­ча­ри­те на Ра­бот­нич­ки, Дри­та Ис­ла­ми и Да­рио Ива­нов­ски, учес­ни­ци на нај­го­ле­ми­те свет­ски ат­лет­ски при­ред­би.

Приз­на­ние до­би и Ко­кан Аја­нов­ски, кој на Бал­кан­ски­от шам­пи­о­нат во ма­ра­тон­ско трча­ње (42,195 км) во Ли­ма­сол, Ки­пар, освои брон­зен ме­дал.

За нај­до­бри тре­не­ри беа прог­ла­се­ни Але­ксан­дра Вој­не­ска-Зи­ко­ва (Ра­бот­нич­ки) и Филип Ко­лев­ски (Ку­ма­но­во). Ку­ма­нов­ци беа нај­до­бри во екип­на кон­ку­рен­ци­ја.

Сре­бре­ни знач­ки од Европ­ска­та ат­лет­ска фе­де­ра­ци­ја (ЕЕА) за зна­ча­ен при­до­нес во раз­во­јот на ат­лет­ски­от спорт до­би­ја по­ра­неш­на­та шам­пи­он­ка во тр­ча­ње на сред­ни и дол­ги па­те­ки Со­ња Ми­це­ска-Ми­хај­ло­ска од При­леп и Бе­џет То­чи од Те­то­во.