Покрај шампионатот во автомобилизам на круг и ридско брзински натпревари, за првпат годинава во официјална конкуренција ќе се вози и авто-слалом. Првиот натпревар во оваа дисциплина ќе се вози на патеката во Кичево во наредните два дена. За разлика од кружните натпревари кои се возат по целата должина од патеката од 2050 метри, натпреварите во авто-слалом ќе се возат на нешто пократка должина на патеката од 1 450 метри.

-За првпат годинава во календарот се застапени и трки во авто-слалом, а првите од овие трки ќе се одржат во петок и сабота на патеката во Кичево. За трките во авто-слалом должината на патеката ќе изнесува 1 450 метри, а автомобилите ќе бидат поделени во четири класи и тоа класа 1 до 1 600 сантиметри кубни, класа 2 над 1 600 сантиметри кубни, класа 3 и 4 спортски возила со запремнина на моторот до 1 600 сантиметри кубни класа 3 и над 1 600 сантиметри кубни класа 4. Натпреварувачите на патеката ќе возат 2 кругови, а за пласман ќе се бодува вториот круг. Утре со почеток во 15 и 30 часот ќе се одржат официјалниот и неофицијалниот тренинг, а во сабота со почеток во 15 часот ќе се одржи натпреварот – информира Маја Милошеска.

Технички организатори на овие трки се АКК Примо Реисинг и ОК Класик АВЈ и двата од главниот град. Денес се вршат засилени подготовки на патеката за одржување на автослаломот.