Јотовски успешно го започна фјучрсот во БиХ

767

Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски со победа го почна фјучрс турнирот во Добој, Босна и Херцеговина.

Јотовски денеска со 2-0 во сетови го совлада Дане Пропоџиа од Австралија. Првиот сет Македонецот го доби со 6:3, а во вториот беше 6:0.
Мечот траеше 53 минути.

Наградниот фонд на турнирот во Добој изнесува 15 илјади долари.