Јотовски се пласираше во осминафиналето на турнир во БиХ

32

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски се пласира во осминафиналето ИТФ-фјучрс турнирот во Кисељак, Босна и Херцеговина, совладувајќи го квалификантот Карло Краниќ со 2-0 во сетови (6-1, 6-3).

Во првиот сет нашиот најдобар тенисер направи два брејка за 1-0 и 4-1, додека во вториот, иако губеше со 2-3, врати два брејка, за 3-3 и 5-3 и на свој сервис дојде до победата во меч кој траеше час и 20 минути.

Во наредното коло Јотовски ќе игра со хрватскиот тенисер Дује Кекез.