Јотовски елиминиран од Медитеранските игри

77

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го заврши својот настап на Медитеранските игри, откако загуби со пресврт од мароканскиот тенисер Амине Ахуда со 2:1 во сетови (6:2, 0:6, 3:6).

Противникот на нашиот тенисер успеа да направи пресврт откако Јотовски го доби првиот сет со 6:2 во гемови, а потоа Ахуда беше убедлив со 6:0 и 6:3 во следните два сета.

Јотовски вчера во првото коло го победи 18-годишниот тенисер од Кипар Елертериос Неос со 2:0 во сетови.