Ѓорческа 603-та на ВТА-листата

142
Фото: Дарко Андоновски

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го подобри својот пласман на ВТА-листата во поединечна конкуренција. На вчерашното рангирање таа се наоѓа на 603-та позиција, што е подобрување речиси за седумдесетина места во однос на претходното рангирање, кога беше 670-та.

Најдобар пласман на Горческа во кариерата ѝ е 170-то место, во јуни 2017 година. Но веднаш потоа ја повреди левата рака и по Отвореното првенство на САД, во Њујорк, лани во август паузираше повеќе од половина година. Следуваа операција на раката во Минхен, лекување и рехабилитација. Со натпревари и настапи на турнири таа започна кон крајот на мај, во Португалија, Шведска, Унгарија и во Шпанија, на кои полека влегуваше во форма и за очекување е наскоро уште повеќе да напредува.