Ѓорческа со триумф се врати на тениските терени

70

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на ИТФ-фјучрс турнирот во Обидош, Португалија, ја елиминира втората носителка Олга Саез Лара од Шпанија, што е нејзино одлично враќање на тениските терени по повредата.

Ѓорческа на турнирот кој е вреден 25.000 долари славеше со 2-0 во сетови (6-2, 7-6). Натпреварот против 281. тенисерка на ВТА-листата, Лина го доби за еден час и 40 минути.

Ѓорческа во втората рунда ќе игра со германската квалификантка Ана Класен.