Ѓорческа се пласираше во второто квалификациско коло на Ју-Ес опен

74

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја совлада поранешната 26-та тенисерка во светот Лорен Дејвис со 2:1 во сетови (6:7, 7:5 и 6:3) во првото квалификациско коло на Ју-Ес опен.

Натпреварот почна со доминација на фаворизираната американската тенисерка, која поведе освојувајќи го првиот сет.

Меѓутоа, Ѓорческа успеа да се врати во игра, по што направи пресврт и ги доби следните два сета.

Во второто квалификациско коло Ѓорческа ќе игра против хрватската тенисерка Јана Фет.