Ѓорческа поразена во второто коло во Подгорица

54
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа беше елиминирана на силниот фјучерс турнир во Подгорица со награден фонд од 25.000 долари, од првата носителка Барбара Хас со 6-7 (4), 6-4, 6-2.
 
Лина го доби првиот сет во тајбрејкот со 7:4, но Австријката направи целосен пресврт за конечен триумф по скоро три часа игра и се пласираше во четвртфиналето.
 
Пласманот во второто коло ќе и донесат на Лина нови 5 поени во ВТА пласманот.