Ѓоковиќ 263 недели е на врвот на АТП-листата

204

Најдобар светски тенисер и по денешното рангирање останува Србинот Новак Ѓоковиќ. Тој веќе 263 недели не го испушта врвот на АТП-листата, додека веднаш зад него се Рафаел Надал и Роже Федерер.

Ѓоковиќ со новото рангирање има 12.415 бодови, вкупно 4.470 повеќе од Надал и 4.955 од Федерер.

По нив листата ја предводат Доминик Тим, Стефанос Циципас, Кеи Нишикори, Александар Зверев, Карен Хачанов, Данил Медведев и Кевин Андерсон.

Голем скок на листата на најдобри светски тенисери за разлика од последното рангирање забележа контроверзниот австралиски тенисер Ник Киријос. Тој напредуваше за цели 25 позиции, па од 50-тата, сега се наоѓа на 25-тата позиција.