Ѓоковиќ ја одби поканата за настап во Есторил

1752

Поранешниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ја одби специјалната покана од организаторот на АТП турнирот од Серијата 250 во Есторил, Португалија.

Србинот одлучи следната седмица да паузира од турнирите и што подобро да се подготви за Мастерсот во Мадрид.

Турнирот во шпанската престолнина е на 6 мај, а потоа ќе настапи на турнир од Мастерс 1.000 серијата во Рим.

Ѓоковиќ минатата година играше во финалето во Рим, додека во Мадрид стигна до полуфиналето, односно ќе брани вкупно 960 АТП поени.