Ѓоковиќ фуриозен против Зверев

179

Светскиот тениски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ја оствари втората победа во групната фаза на финалниот АТП турнир во Лондон, откако го совлада Германецот Александар Зверев со 6-4, 6-1 во првиот натпревар од денешната програма.

Дуелот во салата „О2“ во британскиот главен град траеше час и 18 минути игра.

Ѓоковиќ ја забележа втората победа на турнирот, на кој нема загубен гем, и може да обезбеди пласман за полуфиналето уште денеска, ако Џон Иснер го победи Марин Чилиќ во вториот меч на денешната програма.

Во последниот меч од групната фаза, лидерот на АТП листата ќе се соочи со Чилиќ, додека Зверев ќе ги измери сили со Иснер.