Ѓоковиќ се врати во топ 10 на АТП листата

69

Овогодинешниот шампион на најстариот и најпрестижен Гренд слем турнир, Вимблдон – Новак Ѓоковиќ се врати во Топ 10 на АТП листата, правејќи скок за 11 места.

Ова е огромен успех за поранешниот лидер на листата, кој на почетокот на годината беше подложен на операција на лактот поради повреда која го мачеше повеќе од една година.

Финалистот од Лондон, Кевин Андерсон од Јужна Африка се искачи за три позиции за да го стигне на за него рекордното петто место.

Минатогодишниот финалист Марин Чилиќ од Хрватска, кој во ова издание на турнирот отпадна во вториот круг, имаше најголем пад кај најдобрите светски тенисери од втората на седмата позиција.

Број еден во светот останува Рафаел Надал со 9.310 поени, следен од Роџер Федерер со 7.080 и Александар Зверев со 5.665.

Топ 10 листата на АТО ја надополнуваат Хуан Мартин дел Потро 5.395, Кевин Андерсон со 4.655, Григор Димитров со 4.610, Марин Чилиќ со 3.905, Џон Иснер со 3.720, Доминик Тим со 3.665 и Новак Ѓоковиќ со 3.355 поени.