Ѓоковиќ преку Чилиќ избори полуфинале на мастерсот во Париз

166

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот од серијата „мастерс 1000“ во Париз, совладувајќи го Хрватот Марин Чилиќ со 4-6, 6-2, 6-3 по два часа и 10 минути игра.

Ова беше 18 меѓусебен дуел на Чилиќ и Ѓоковиќ и 16-та победа на српскиот тенисер, кој од понеделник повторно ќе биде прв на АТП ранг листата.