Ѓоковиќ за 6 месеци заработил 5,2 милиони долари

132

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со пласманот во финалето на Мастерсот во Рим дополнително ја зголеми заработката за изминатите 6 месеци. Ѓоковиќ само од Мастерсот во Рим, каде беше поразен во финалето од Рафаел Надал, заработи 541.427 долари.

За половина година вкупната негова заработка изнесува 5.268.343 долари. Тука не влегуваат 71.862 долари освоени во двојки.

Тој прв во светот собра над 130 милиони долари, поточно од турнирски награди досега има освоено 131.040.932 долари.

На годишната листа најблиску до него е Рафаел Надал со 3.705.211 долари, додека Роџер Федерер може да се пофали со заработка од 3.117.288 долари.

Според остварените заработки на листата следуваат Доминик Тим со 2.6 милиони долари, Стефанос Циципас со 2,5, па Фабио Фоњини со 1.5 и Данил Медведев со 1,2 милиони долари. Првата десетка „најбогати“ тенисери ја заокружуваат Кеи Нишикори, Гаел Монфилс и Џон Иснер со заработка 1 милион долари.