Ѓоковиќ е прв финалист во Париз

170

Лидерот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ во два сета го победи Бугаринот Григор Димитров и се пласираше во големото финале на тенискиот Мастерс во Париз.
Српскиот тенисер го скрши отпорот на одличниот Димитров и го доби полуфиналето во два сета со 7-6 и 6-4.

Најдобриот светски тенисер одигра уште еден одличен меч во Париз.

Противник на Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Париз ќе биде подобриот од полуфиналето Рафаел Надал – Денис Шаповалов.