Ѓоковиќ доби вајлд карта за Барселона

471

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ доби вајлд карта и следната недела ќе настапи на турнирот во Барселона, соопштија организаторите.

Ѓоковиќ учествува на овој турнир по 12 години пауза, откако последниот пат во 2006 година загуби уште во првото коло од домашниот тенисер Даниел Химено-Травер.

Во Барселона ќе настапат и Рафаел Надал, Доминик Тим, Григор Димитров, Давид Гофан и сите шпански тенисери од листата на Топ 100 во светот.