Ѓоковиќ влезе во клубот 800

195

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада со 2:0 во сетови францускиот тенисер Адријан Манарино и обезбеди пласман во полуфиналето на АТП турнирот од серијата 500 во Квинс, Лондон.

Ѓоковиќ без изгубен сет за точно 79 минути игра ја оствари 800-та победа во кариерата и стана десетиот играч во АТП историјата со најмалку толкав број на победи.

Доколку српскиот тенисер го освои трофејот во Квинс, по бројот на победи ќе го помине Стефан Едберг (801).

Прв по вкупниот број на победи е Џими Конорс со 1.256 победи, втор е Роже Федерер со 1.156, а на третата позиција е Иван Лендл со 1.068, потоа следат Гиљермо Виљас (949), Рафаел Надал (903), Џо Мекинро (881), Андре Агаси (870) и Илие Настасе (845).