Чориќ преку Федерер до титулата во Хале

88

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ го освои трофејот на турнирот од серијата 500 во Хале.

Чориќ во финалето го совлада фаворизираниот швајцарски тенисер Роже Федерер со 2:1 (7:6(6); 3:6; 6:2) во сетови.

За 21-годишниот хрватски тенисер ова е втора АТП титула или прва на трева.

Чориќ воедно ја прекина и доминацијата на Федерер, кој не успеа да стигне до својата десетта титула во кариерата во Хале.

Швајцарскиот тенисер со овој пораз го губи и првото место на АТП листата, па нема да ја има ниту улогата на прв носител на Вимблдон, што ќе му припадне на Рафаел Надал.