Чептеги подобри светски рекорд за дури 27 секунди

64

Актуелниот првак во трка на 10.000 метри, Џошуа Чептеги (23) од Уганда, го собори светскиот рекорд на пет километри улична трка за дури 27 секунди на трката одржана низ улиците во Монако. Тој ја истрча делницата за 12 минути и 51 секунда, со што го сруши претходниот рекорд, поставен од Кениецот Роне Кипруто.
– Имав цел да истрчам побрзо од 13 минути, а кога почувствував дека можам да го сторам тоа, решив да одам на рекордот – рече Чептеги.

Францускиот репрезентативец Џими Гресие заврши на второто место, со европски рекорд со време од 13:18 минути. Ник Голб, пак, го освои третото место со нов британски рекорд од 13:27 минути.
Светскиот рекорд на пет километри за улична трка се води од ноември 2017 година. Светскиот рекорд на атлетска патека, на стадион, пак, изнесува 12:37,35 минути, а го држи Кенениса Бекеле од Етиопија, поставен во 2004 година.