Хамилтон со триумф го стигна рекордот на Шумахер на „Хунгароринг“

151

Британскиот возач Луис Хамилтон со Мерцедес е победник на третата сезонска трка во Формула 1. Предмалку Британецот по осми пат триумфираше на патеката „Хунгароринг“ во трката за Големата награда на Унгарија.

Зад него, на втората позиција трката ја заврши Макс Ферстапен од Ред Бул, а трет низ стартно-целната ранина на крајот помина Валтери Ботас од Мерцедес.

Ленс Строл од Рејсинг поинт беше четврти денеска, а петтата позиција му припадна на Алекс Албон од Ред Бул.

Возачите на Ферари и денеска имаа лош настап. Себастијан Фетел заврши на шестото место, а Шарл Леклер беше единаесетти.

По денешната трка, Хамилтон се израмни со Михаел Шумахер по бројот на остварени победи на патеката во Унгарија, двајцата имаат по осум.

Следна цел на Британецот е да го достигне остварувањето на Германецот од 81 победа во Формула 1. Тој со денешниот триумф стигна до бројка од 75. Шумахер во кариерата имаше седум титули светски шампион во Ф1, а Британецот досега има шест. Сезонава вози и за израмнување на тој рекорд.