Хамилтон победи 17-ти пат, имајќи и пол-позиција и најбрз круг

104

Тој во генералниот пласман за сезонава сега води со 190 бода, 65 повеќе од Ботас

Британецот Луис Хамилтон стигна до својата шеста победа сезонава во Формула 1, а 90-та во кариерата (една победа помалку од рекордерот Михаел Шумахер), во хаотичната гранпри-трка во Тоскана, на легендарната патека Муџело. Хамилтон победи со пет секунди предност пред Валтери Ботас, а трет е Алекс Албон.
Деветтата трка сезонава беше обележена со две црвени знамиња (инцидент за време на трката), што се нема случено од Бразил во 2016 година. Во вториот свиок се судрија Пјер Гасли и Макс Ферстапен и излетаа од патеката. Откако безбедносното возило ја напушти патеката, повторно настана хаос на патеката, четворица возачи завршија во оградата, а делови од болидите се разлетаа на асфалтот. Од 20 болиди, само 12 ја завршија трката.

Хамилтон 17-ти пат победи со т.н. хет-трик (случај кога еден возач победува откако имал и пол-позиција и најбрз круг). Шумахер има 22 такви триумфи. Актуелниот светски првак во генералниот пласман за сезонава води со 190 бода, 65 повеќе од Ботас и 80 од Ферстапен, кој втора трка по ред не успева да ја заврши. Десеттата трка сезонава во Формула 1 на програмата е на 27 септември, на автодромот во Сочи, Русија.