Хамилтон пак го израмни својот рекорд на победи во една сезона

42

ФОРМУЛА 1

Светскиот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, е победник на трката во Бахреин, која беше одбележана со една од најлошите несреќи во Ф1 во претходните неколку години. За Хамилтон ова беше 11-та победа сезонава, колку што имаше и во 2014, 2018 и во 2019 година, а четврта на патеката во Бахреин. Трката беше прекината во првиот круг поради сериозната несреќа на францускиот пилот Ромен Грозжан, кој изгуби контрола врз автомобилот во третиот свијок. Болидот удри во оградата, експлодира и се преполови. За среќа, 34-годишниот Французин ја преживеа несреќата. Грозжан помина со полесни повреди.