Федерер на пат кон 10-тата титула во Хале

113

Роџер Федерер е на добар пат да ја освои по 10-ти пат титулата на „Гери Вебер опен“ во германскиот Хале, откако повторно во три сета го победи Роберто Баутиста Агут.

Федерер, по вчерашниот тежок тест против Жо-Вилфрид Цонга, го освои првиот сет за само 29 минути, но Шпанецот се врати со импресивен втор сет, за на крајот да потклекне по неполни 2 часа игра со 6-3, 4-6, 6-4.

Швајцарскиот „Маестро“ за пласман во финалето на неговиот омилен подготвителен турнир на трева ќе игра со Французинот Пјер-Иг Ербер, кој е полуфиналето откако го освои првиот сет со 7-5 против актуелниот шампион, Хрватот Борна Чориќ, кој се повлече поради повреда.

Во второто полуфинале утре ќе играат Италијанецот Матео Беретини и Белгиецот Давид Гофан.