УС Опен: Ферер му го предаде мечот на Надал и се прости од Грен слем турнирите

64

Шпанскиот тенисер Давид Ферер му го предаде мечот на Рафаел Надал вп 1.коло од УС Опен во САД при резултат 3:6 и 4:3 и ја заврши кариерата на Грен слем турнирите.

36-годишниот Ферер се повлече од мечот поради повреда на раката.

Шпанецот претходно објави дека американскиот Грен слем е последен во неговата кариера и дека официјално ќе се пензионира на турнир на домашен терен следната година.

Искусниот тенисер за време на неговата кариера освои 27 титули во АТП и заработи над 31 милион евра парични награди.