Неста Картер го урна олимпиското совршенство на Болт

327
Болт (десно) и Неста Картер

Спортскиот арбитражен суд (КАС) објави денеска дека на спринтерот на Јамајка, Неста Картер му е одбиена жалбата за позитивниот допинг тест за време на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.

Картер трчаше прв во штафетата во која Јамајка го собори светскиот рекорд од 37,10 секунди.

Последната анализа на примероците од 2016 година беше позитивна за стимулансот „метилхексанеамин“, поради што е одземен медалот на сите репрезентативци учесници во трката.

Одлуката на КАС ја расипа совршената олимписка „жетва“ на Усеин Болт од три златни медали во трките од 100, 200 и 4х100 метри во 2008, 2012 и 2016 година.