Уапсени 13 лица под сомнение за местење тениски натпревари во Белгија

60

Белгиската полицијата уапсила 13 лица, под сомнеж дека местеле професионални тениски натпревари во Белгија.

Властите се сомневаат дека белгиско-ерменски криминални банди се обидувале од 2014 да местат натпревари од понизок ранг, каде натпреварите ретко се снимаат.

За сега не е објавено ниту едно име на професионални тенисери инволвирани во овој случај.