Тур де Франс во Данска одложен за 2022 година

22

Планираниот почеток на велосипедската трка Тур де Франс 2021 во Копенхаген, Данска, е одложен за една година, од 1 до 3 јули 2022.
Минатата недела почетокот на Тур де Франс 2021 беше одложен за шест дена за да не се совпадне со машката велосипедска трка на презакажаните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Токио. Новиот датум за почеток Тур 2021, на 26 јуни (ќе трае до 18 јули), е на само два дена пред Копенхаген да биде домаќин на последниот осминафинален меч на презакажаното Европско првенство (ЕП) 2020 година во фудбал.
Почетокот на годинашниот Тур де Франс е во Ница, од 29 до 31 август, за првпат во Франција по 2016 година.