Тројцата најдобри од лани беа најбрзи на првиот тренинг

67

ФОРМУЛА 1 – УТРЕ ПОЧНУВА НОВАТА СЕЗОНА

Минатата година првите три места во првенството на Формула 1 ги освоија Луис Хамилтон, Валтери Ботас и Макс Ферстапен, а истиот редослед беше и по првиот тренинг, пред првата трка сезонава утре, во Австрија. Светскиот првак Хамилтон имаше за 356 илјадити делови од секундата побрзо време од Ботас. По оваа водечка тројка, се пласираа Карлос Саинз, Серхио Перез, Ландо Норис итн.

Трката во Австрија е првата од досега осумте предвидени трки во сезоната што требаше да почне во март, но беше одложена поради пандемијата на коронавирусот. Веќе следната трка е идната недела, исто така во Австрија, а потоа следува трката во Унгарија, потоа две во Велика Британија, а потоа по една во Белгија, Шпанија и во Италија.