Торино се откажа од заедничката кандидатура за ЗОИ 2026

56

Торино се повлече од заедничката кандидатура со Кортина Д’Aмпецо и со Милано за организирање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 2026 година, откако не беше постигнат договор кој од трите италијански градови ќе ја има водечката улога во проектот.

Кортина Д’Aмпецо и Милано ќе се обидат да ја продолжат кандидатурата, меѓутоа проектот веќе нема да го финансира италијанската влада.

– Важен проект како организација на Олимписки игри мора да започне на здрави основи, а овде тоа го нема. Поради тоа предлогот веќе ја нема нашата поддршка – истакна државниот секретар Џанкарло Џорџети.

Меѓутоа, од Владата наведуваат дека нема да ја попречуваат кандидатурата на двата града. Италија досега двапати беше домаќин на Зимските олимписки игри – во 1956 година во Кортина и во 2006 година во Торино.